КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Спијте удобно секоја вечер

Покрај воздухот, водата и храната, спиењето е единственото нешто без кое не можеме да живееме. Но, сѐ повеќе луѓе се лишуваат од сон во име на кариера, на забава, итн.

Покрај воздухот, водата и храната, спиењето е единственото нешто без кое не можеме да живееме. Но, сѐ повеќе луѓе се лишуваат од сон во име на кариера, на забава, итн. Но, недоволното спиење може да предизивка сериозни здравствени проблеми. Затоа треба да си обезбедите услови за удобно спиење, секоја вечер.

Удобна подлога

Прв и најважен чекор до сигурен сон е удобна подлога за спиење. Мора да одберете душек кој му одговоара на Вашиот тип на тело, на положбата во која спиете, душек што може да Ве заштити од несаканите здравствени импликации, доколку имате некоја хронична состојба.

Никогаш не ја купувајте најевтината, туку најдобрата опција, затоа што една третина од целиот живот ќе ја минете во спиење и тоа не смее да биде неквалитетно.

Пронајдете го коренот на проблемот

Ако се соочувате со хронична несоница, мора да го пронајдете коренот на проблемот пред да започнете да го решавате. Многумина се одлучуваат да побараат апчиња за заспивање, но тоа е краткорочно решение.

Откако организмот ќе создаде отпорност, тогаш несониците ќе се вратат, а Вие ќе немате како да заспиете. Дополнително, одредени апчиња за заспивање создаваат зависност и без нив нема да можете да заспиете, без разлика колку сте изморени. Психијатрите велат дека хроничната несоница е еден од клучните знаци за појава на депресија, а апчињата за заспивање во комбинација со депресија можат да го зголемат ризикот од самоубиство. Затоа, ако не можете да ја најдете причината зошто не успевате да заспиете, побарајте помош од психијатар. Недостигот на сон е далеку поопасен одошто се мисли.

Редовен распоред

Секогаш легнувајте си и станувајте во исто време, затоа што имате еден биолошки часовник, а не по еден за работната недела и викендот. Мора да се синхронизирате и да си легнувате барем во приближно време. Менувањето на термините за спиење го збунува мозкот и Ви носи бессони ноќи.

Постудено

Кога заспиваме, телесната температура се спушта за околу половина степен. За да не го попречите тој процес, максималната температура на која треба да го поставите термостатот во собата во којашто спиете е 20 степени. Ако сепак Ви е прежешко, тоа значи дека имате претопол покривач или пак користите душек низ кој воздухот недоволно циркулира.

Спијте во мрак

Изворите на вештачка светлина можат да го пореметат внатрешниот часовник и да одиграат улога на стимуланс, со што ќе го оневозможат лачењето на мелатонин. Еден час пред спиење исклучете ги сите апарати, не гледајте телевизија, а не ги гледајте ниту часовниците. Долгорочното фиксирање на една точка може да предизвика анкциозност.

Вежбајте порано

Точно е дека вежбањето го намалува стресот кој не Ве остава да заспиете и ја снижува телесната температура доволно за да можете да заспиете без мака. Но, доколку вежбате помалку од четири часа пред легнување, температурата нема да може да се снижи доволно бргу и многу лесно може да се случи да ја преседите половина ноќ будни.