КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Справете се со партнерот што ’рчи

Кога започнала љубовната врска, толку сте биле обземени од емоции што не ви ни паднало на памет да помислите на овој проблем. Но сега, кога живеете заедно и постојано го слушате неговото ’рчење и се будите ненаспани, едноставно не знаете што да правите...

Кога започнала љубовната врска, толку сте биле обземени од емоции што не ви ни паднало на памет да помислите на овој проблем. Но сега, кога живеете заедно и постојано го слушате неговото ’рчење и се будите ненаспани, едноставно не знаете што да правите...

Обидете се да го одвикнете од спиење на грб

Спиењето на грб е положба што најмногу предизвикува ’рчење. Луѓето што ’рчат треба да заспиваат на страна, но често се случува тие да се превртат на грб во текот на спиењето. Ако тоа ве разбуди, превртете го повторно на страна или пак зашијте му топче на задниот дел од пижамата – тоа ќе го оневозможи да спие на грб.

Купете му малку поголема перница

Многу често, перницата може да го засили ’рчењето, особено доколку е премногу мека или ниска. Купете му на вашиот партнер анатомска перница, која е малку повисока, за подобро отварање на дишните патишта. Исто така, инсистирајте секоја вечер пред спиење добро да го издува носот, за да не мора да дише преку устата.

Проблемот со телесната тежина

Заедничкиот живот многу често знае да предизвика покачување на килограмите, без воопшто да го забележите. Но, зголемената телесна тежина е еден од главните фактори што придонесуваат за засилено ’рчење. Искористете ги топлите денови за засилена физичка активност и започнете здраво да се храните. Не само што тоа ќе направи да се чувствувате многу подобро, туку и ноќите ќе ви станат далеку потивки.

Не му дозволувајте да пие алкохол пред спиење

Покрај алкохолот, треба да избегнувате и седативи, лекарства против болки и други супстанци што ги опуштаат мускулите. Исто така, препорачливо е да престанете со пушење, доколку ’рчите гласно – тоа ќе ги намали ефектите.