КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Справете се со стресот за 10 минути

Стресот можеби е главниот непријател на здравјето на модерниот човек. Од него можат да произлезат бројни нарушувања на здравствената состојба, како физичка, така и психичка. Токму затоа, треба да се обидете со некои од најдобрите техники за борба против стресот.

Стресот можеби е главниот непријател на здравјето на модерниот човек. Од него можат да произлезат бројни нарушувања на здравствената состојба, како физичка, така и психичка. Токму затоа, треба да се обидете со некои од најдобрите техники за борба против стресот.

Медитација

Тргнете се од изворот на стрес за миг и медитирајте. Повлечете се на тивко место, седнете, опуштете се, затворете ги очите, блокирајте ја околината и дишете длабоко. Фокусирањето на дишењето ќе Ви ги оттргне мислите од нештата што Ве деконцентрираат и ќе ги опушти и умот и телото.

Прошетајте

Вежбањето во која било форма е докажан начин да се намали стресот и да се снижат стрес-хормоните. Прошетката може да Ви помогне да си ги средите мислите и да ги стабилизирате емоциите. Штом ќе се соочите со работен ден исполнет со стрес, одвојте барем половина час за прошетка и уживајте во глетката. Штом ќе се вратите ќе бидете многу посмирени.

Водете дневник за помалку стрес

Бележењето на чувствата во личен дневник може многу да помогне во намалување на стресот бидејќи најголем дел од него се напластува како последица на мисли кои нема како да излезат од Вас. Штом ќе ги извадите од себе, веќе ќе Ви стане полесно. Ако напишете во дневникот што навистина мислите за Вашиот шеф, ќе се чувствувате подеднакво добро како да сте му го кажале тоа в лице.

Пуштете си музика

Не попусто се вели дека музиката го скротила и ѕверот. Музиката е емоцијата, музиката Ви буди асоцијации, а може и на најдобар начин да го подигне расположението и да Ве натера да заборавите на маките. Пуштете музика што Ве опушта и заборавете на проблемите додека целосно им се препуштате на нотите.

Направете список

Пред да започне денот запишете ги целите и задачите што стојат пред Вас. На тој начин мислите ќе Ви останат прибрани, а денот фокусиран. Штом ќе завршите некоја задача и ќе ја пречкртате, тоа значително ги намалува шансите денот да заврши во тотален хаос.