КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Тајната за пријатен мирис под пазувите

Потењето е природен и здрав процес, што дополнително се засилува од жешкото време. Нашите тела се ладат и ги исфрлаат токсините при потење. Но, негативниот ефект од потењето е непријатната миризба што започнува да се шири, што може да ве остави засрамени.

Потењето е природен и здрав процес, што дополнително се засилува од жешкото време. Нашите тела се ладат и ги исфрлаат токсините при потење. Но, негативниот ефект од потењето е непријатната миризба што започнува да се шири, што може да ве остави засрамени. Тоа не може да се спречи, но може значително да се намали, до подносливи граници.

Отстранување на влакната

Прв чекор во добрата хигиена под пазувите редовното бричење или депилирање. Кога ги отстранувате влакната, потта не се задржува под пазувите во целост – следствено се намалува и миризбата.

Дезодоранси и антипреспиранти

За максимално намалување на непријатниот мирис под пазувите, особено во долгите, жешки, летни денови, неопходно е да одберете добар дезодоранс или антипреспирант. Доколку не се потите премногу интензивно, одберете дезодоранс, којшто ги неутрализира непријатните миризби, но не ја попречува природната функција на потењето. Најефективните дезодоранси содржат алуминиум и цинк, коишто ја сушат кожата и можат да предизвикаат алергии; но и алкохол, којшто ја иритира кожата, особено непосредно по депилација. Затоа, секогаш внимавајте на состојките и изберете природни дезодоранси. Многу е важно да го направите правилниот избор помеѓу рол-он и спреј. Предноста на вторите е во тоа што многу побргу се нанесуваат и дополнително ја ладат кожата, но од друга страна, прскаат и на места каде што не сакаме да бидат и можат да остават дамки на облеката. Рол-он дезодорансите се нанесуваат точно на местата каде што сакате, најчесто не оставаат дамки и им е потребно малку подолго да се исушат.

 Доколку се потите поинтензивно...

...тогаш дефинитивно треба да се одлучите за антипреспиранти, бидејќи не само што ги неутрализираат непријатните миризби, туку и го спречуваат потењето. Најголем дел од нив содржат соли од алуминиум, цинк и циркониум, коишто ги стеснуваат порите и на тој начин спречуваат потење. Антипреспирантите оптимално треба да се нанесуваат навечер, а пазувите да се измијат со топла вода наутро, за да не дојде до несакани последици по здравјето на кожата.