КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Изоставете го телефонот од вашите оброци

Откако технологијата зеде невиден замав и започна да се развива со брзина на светлината, ние станавме многу позависни од електрониката и започнавме да имаме сѐ поголеми емоционални очекувања од дигиталните уреди, а сѐ помали од луѓето.

Откако технологијата зеде невиден замав и започна да се развива со брзина на светлината, ние станавме многу позависни од електрониката и започнавме да имаме сѐ поголеми емоционални очекувања од дигиталните уреди, а сѐ помали од луѓето. Луѓето веќе не воспоставуваат цврсти емоционални врски со други луѓе кои им се потребни, бидејќи постојаната електронска комуникација е одличен начин да бидете опкружени со луѓе, а всушност да бидете далечни и постојано осамени. Психолозите советуваат дека зависноста од електронските уреди треба да има граница, па им препорачуваат на семејствата кои сакаат да создадат чувство на заедништво, да стават кошница непосредно до масата на која ручаат и да ги исклучат своите мобилни уреди и да ги стават во кошницата, за време на сите оброци: појадок, ручек и вечера. Овој совет совршено одговара и за паровите кои почесто ги проверуваат своите смартфони отколку што разговараат меѓусебно. Размислете, зошто го исклучувате ѕвонењето кога сте во кино или пак во ресторан, а не го правите истото кога сте сами, во домашна, романтична атмосфера или пак заедно ги јадете утринските мусли? Дали е апсолутно неопходно да знаете кој ви напишал порака на Фејсбук токму во 7.30 наутро? Дали електронската пошта веднаш по будењето е нешто што не може да почека? Не сите оброци во денот треба да бидат формални, но технологијата и онака ни ги преокупира животите во секој сегмент, па затоа не е лошо да размислите за изоставање на мобилните уреди барем од оброците, за да можете да се фокусирате на разговорот со луѓето што ви значат. Па така, следниот пат кога набрзина приготвувате вечера во микробрановата печка, исклучете ги телефоните и преправајте се дека се наоѓате во отмен ресторан. Фокусирајте се на љубовниот живот и на вистинската меѓусебна комуникација. Ќе видите дека оваа пракса ќе ви се допадне.