КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Изгубете неколку килограми пред да почне летото

Дали сте загрижени дека нема да имате доволно време пред да почне летото за доволно да ослабете? Ние можеме да ви помогнеме со овие 8 ефикасни совети.

Дали сте загрижени дека нема да имате доволно време пред да почне летото за доволно да ослабете? Ние можеме да ви помогнеме со овие 8 ефикасни совети.

1. Оптимизирајте го внесот на калории

Математиката е едноставна: ако сакате да ослабете, морате да согорувате повеќе калории отколку што внесувате. Најдобро би било доколку дневно намалувате 200-300 калории преку исхраната и уште 200-300 со вежбање.

2. Во вашата секојдневна рутина додадете вежби за зајакнување на мускулите

Најдобар избор за слабеење е комбинацијата од кардио вежби и вежби за зајакнување на мускулите, затоа што вежбите за зајакнување ги претвораат масните наслаги во мускули, и го зголемуваат согорувањето на калориите.

3. Пијте доволно течности

Течностите се многу важни во секој период од годината, а особено во текот на летото кога температурите се многу високи. Соодветната хидратација на телото ќе го подобри вашиот метаболизам, ќе ја одржува кожата свежа и ќе го одржува желудникот полн. Најдобро е да консумирате обична вода, но може да се комбинира и со свежи природни сокови кои содржат и овошје и зеленчук.

4. Бидете поактивни

Не се работи само за одење во фитнес центар три или четири пати во неделата – мора да го направите поактивен секојдневниот живот. Како да го направите тоа? Можете да почнете со пешачење до работа, да го смените начинот на кој го поминувате слободното време – наместо да седите пред телевизор, прошетајте.

5. Оброците нека ви бидат редовни

Сите експерти за фитнес и здрав начин на исхрана го делат мислењето дека најважни се редовните оброци во текот на денот. Доколку се изгладнувате и ги прескокнувате оброците, вашето тело ќе почне да ги складира мастите и ќе постигнете спротивен ефект од посакуваниот.

6. Најдете партнер

Слабеењето ќе ви оди многу полесно доколку најдете партнер кој ги има истите цели со вас. Со тоа ќе ја зголемите мотивацијата и целиот процес ќе биде многу позабавен.

7. Следете го вашиот напредок

Редовното мерење или сликање на вашето тело ќе ви помогне на два начина: вашата мотивација ќе се зголемува секој пат кога ќе забележите некаков прогрес и вие ќе можете многу полесно да се организирате со цел навремено да се подготвите за претстојното лето.

8. Спијте доволно

Многу е важно на вашето тело да му обезбедите доволно одмор. Затоа внимавајте секоја ноќ да спиете по 8 часа.