- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Ако имате потешкотии при заспивањето, тогаш ни приближно не сте сами.Секој ден се зголемува бројот на луѓе што имаат нарушен циклус на спиење или имаат потешкотии при заспивање
Ако имате потешкотии при заспивањето, тогаш ни приближно не сте сами.
Секој ден се зголемува бројот на луѓе што имаат нарушен циклус на спиење или имаат потешкотии при заспивање. Следниот пат кога ќе бидете соочени со несона ноќ, обидете се да се истуширате со топла вода, пред да се пикнете во постелата. При излегување од топлиот туш во постудена спална соба, ќе дојде до благ пад на телесната температура.
Тој пад на температурата претставува сигнал за телото дека е време за одмор, по што започнува забавувањето на клучните метаболички функции, вклучувајќи ги брзината на работата на срцето, дишењето и варењето на храната. Експертите препорачуваат туширањето да не трае предолго и водата да не биде премногу жешка, поточно помеѓу 5 и 15 минути, со температура на водата не поголема од 40 степени. Доколку ги надминете овие параметри, може да дојде до зголемување на телесната температура, со што ќе добиете наплив на енергија и сосема спротивен ефект. Исто така, можете постепено да ја намалувате температурата на водата на крајот од туширањето, за дополнително да го забрзате заспивањето.