КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како трајно да се ослободите од стресот

Стресот е проблем со којшто се соочуваме сите. Некои страдаат повеќе, некои помалку, но едно е сигурно - за да ги избегнете негативните импликации од стресот, мора да преземете нешто за да се справите со него.

Стресот е проблем со којшто се соочуваме сите. Некои страдаат повеќе, некои помалку, но едно е сигурно - за да ги избегнете негативните импликации од стресот, мора да преземете нешто за да се справите со него.

1. Одвојте половина час дневно за да се организирате

Ако добро се организирате, животот ќе Ви изгледа многу помалку хаотично. Ако успеете правилно да менаџирате со времето, бескрајниот список задачи веќе нема да изгледа толку застрашувачки.

2. Хранете се поздраво

Одвојте малку повеќе време за здравата исхрана. Ако јадете здрава храна, ќе го преполовите стресот, ќе се чувствувате многу подобро и ќе имате повеќе енергија.

3. Направете нешто убаво за некој друг

Добрите дела без некоја особена причина даваат чувство на задоволство што во значителна мера ќе го намали нивото на стресот, а неретко дава и нова перспектива за животот.

4. Спијте, но не предолго

Не можете да го уништите стресот со спиење, но исто така, не можете да останете будни цела ноќ и да ги завршите сите обврски (барем не правилно). Ако се чувствувате уморни, барем дремнете 20 минути – разликата веднаш ќе стане очигледна.

5. Вежбајте

Вежбањето е Вашиот најдобар пријател во борбата против стресот, бидејќи во исто време поттикнува излачување ендорфини, го зголемува нивото на енергија и ја зголемува самодовербата.

6. Станувајте порано

Половина час нема да направи разлика на квалитетот на спиењето, но ќе направи огромна разлика во Вашиот однос кон престојниот ден. Ќе бидете многу поопуштени и подобро подготвени. Во просек, луѓето што стануваат порано постигнуваат повеќе во текот на денот.

7. Ограничете ја употребата на мобилниот телефон и интернетот

Технологијата го направи поврзувањето со другите луѓе неверојатно лесно, преку повеќе медиуми. Но, истата таа модерна технологија, многу лесно може да придонесе за зголемување на нивото на нервоза и иритација. Со оглед на тоа што работата многу често е поврзана со технологијата, одвојте барем неколку часа во кои ќе се „исклучите“ од светот.

8. Одвојте време за она што Ве прави среќни

Справувањето со секојдневните обврски е многу различно кога сте среќни и кога сте несреќни. Одвојте време за работа на својата среќа. Доколку сте среќни, сите други области од животот ќе имаат корист од тоа.