КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Трикови за подобар сон

Доколку Ве мачи несоница или пак имате некој друг вид нарушување на сонот, тогаш прочитајте ги овие едноставни совети со кои ќе си го подобрите квалитетот на спиењето.

1. Откажете се од контролата

Можеби можете да ги контролирате сите нешта во животот, но сонот не е едно нив. Без разлика што и да правите, сонот ќе дојде само тогаш кога ќе прифатите дека е посилен од Вас и немате апсолутно никаква контрола врз него.

2. Одредете си време за легнување

Секое утро се будите во приближно истото време со звукот на алармот. Но, легнувањето во истото време секоја вечер е подеднакво важно за биоритамот колку и станувањето (ова важи и за викендите). На организмот му е неопходна стабилна рутина.

3. Направете си бања

Сонот надоаѓа кога температурата на телото ќе опадне. За да го забрзате ефектот, непосредно пред спиење избањајте се или пак истуширајте се.

4. Исклучете го светлото

Дури и најслабата светлина може да Ви го наруши сонот. Затоа, исклучете го секој можен извор, вклучително телевизорот, компјутерот итн.

5. Справете се со бучавата

Доколку партнерот ’рчи, не е најдобра идеја да го ставите mp3 плеерот на шафл, бидејќи не знаете во кој миг ќе започне некоја енергична песна и ќе Ви го уништи сонот. Наместо тоа, инвестирајте во машина која создава пријатни звуци за спиење – затоа што ништо не е поважно од квалитетниот сон.

6. Спијте на студено место

Сонот оди рака под рака со студенилото. Добро завиткајте се со покривките и уживајте во сонот.

7. Не се прејадувајте пред спиење

Прејадувањето или пиењето многу течности пред спиење може да доведе до лошо варење или често одење во тоалет – нешта кои сигурно ќе го уништат добриот сон.

8. Набавете соодветни перници

Перниците се клучни за добриот сон, бидејќи мора да Ви обезбедат соодветна потпора, но да бидат и меки и удобно, за да имате квалитетен сон.

9. Исфрлете ги милениците од спалната

Доколку ги оставате милениците во спалната, можете да се најадете влакна во текот на ноќта или пак Вашето куче одеднаш ќе започне да сонува како копа и веќе можете да се збогувате со сонот.

10. Справете се со болката

Доколку Ве мачи болка во некој дел од телото, не се мачете. За да заспиете, мора да се справите со болката. Без разлика дали тоа значи земање апчиња или посета на матичниот лекар.