- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Без разлика на Вашиот ритуал на будење и започнување на новиот ден, некои нешта едноставно мора да ги правите, доколку сакате да ја одржите добрата состојба на Вашето здравје.
Без разлика на Вашиот ритуал на будење и започнување на новиот ден, некои нешта едноставно мора да ги правите, доколку сакате да ја одржите добрата состојба на Вашето здравје.
Можеби најлошото нешто што можете да го сторите по будењето е одложување на станувањето. „Само уште 5 минути“ всушност ќе Ве направи далеку поуморни во текот на денот. Станете од постелата и растегнете се максимално. Тоа ќе ја поттикне циркулацијата на крвта и ќе Ве расони за неколку минути.
Секој ден треба да го започнете со една чаша вода пред да внесете што било друго. Откако поминале помеѓу 6 и 8 часа во кои не сте внесле никакви течности, на Вашиот организам му е потребна вода. Дури потоа треба да размислувате за храна, бидејќи ако прво јадете, тоа ќе ги повлече и последните залихи вода во телото.
Појадокот е оброк кој едноставно не смеете да го пропуштите. Кога рано наутро го снабдувате организмот со потребните калории за функционирање во текот на денот, тогаш многу се помали шансите да дојде до недостиг на енергија или пак ненадејни напади на глад во текот на денот.
Утринските вежби за размрдување ќе Ви одземат најмногу десет минути, исто толку време колку и пиењето на едно кафе. Но, важноста на утринските вежби е премногу голема за да бидат прескокнати. Доколку вежбате секое утро, ќе се чувствувате порасположено и ќе бидете поведри.
Откако ќе го испиете првото кафе, не посегнувајте по второ. Колку и да мислите дека второто кафе Ви е потребно, тоа ќе има само контра ефект – ќе го забрза срцето и ќе предизвика анкциозност. Наместо тоа, напијте се чај.