КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Најважна храна за новите мајки

Телото на новите мајки е во фаза на опоравување, време кога им се потребни хранливи материи и добри извори на енергија за да се вратат кон нормалното функционирање. За побрзо стигнување до целта, но и за да бидете сигурни дека го правите најдоброто за своето бебе, важно е да ги внесувате следниве прехранбени производи.

1. Мусли со висок процент растителни влакна

Една чинија мусли со висок процент растителни влакна за појадок ќе го задоволи гладот и ќе спречи констапација, со оглед на тоа што хормоните за доење можат да ја забават дигестијата. Препорачливо е овој појадок дополнително да го засилите со пробиотски јогурт, кој не само што содржи калциум кој ви е потребен за коските, туку во себе има и корисни бактерии кои дополнително ќе ви помогнат при дигестијата.

2. Јајца

За побрзо да ја симнете дополнителната телесна тежина качена за време на бременоста, треба да јадете јајца за појадок. Јадењето јајца за појадок може да ви помогне да внесувате помалку калории во остатокот од денот.

3. Телешки стек

Телешкото месо изобилува со железо и цинк, два исклучително важни минерали за повраќање на загубената енергија, но и за лачењето млеко. Колку парчето месо содржи помалку маснотии, толку помалку калории ќе внесете, што ќе ви помогне и при напорите за слабеење. Телешкото месо треба да го јадете најмногу до три пати неделно.

4. Лосос

Лососот содржи омега-3 масни киселини, кои се одлични за срцето и можат да бидат многу корисни за мозок и видот на бебето, доколку го доите.

5. Спанаќ

Овој исклучително хранлив зеленчук содржи две есенцијални состојки за новите мајки: фолна киселина, која помага при создавањето на новите крвни клетки (што е особено важно за жените кои загубиле многу крв во текот на породувањето) и манган, кој помага во развојот на коските, ‘рскавицата и колаген (што е одлично за жените кои се породиле со царски рез).