КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Заштитете си ги стапалата при продолжени периоди на стоење

Дури и наједноставната активност, како што е стоењето во место, кога се прави на продолжени периоди, може да доведе до болки во стапалата. Затоа, потребно е да знаете како да ги заштитите своите стапала, особено кога сте заглавени стоејќи на тврда површина.

Дури и наједноставната активност, како што е стоењето во место, кога се прави на продолжени периоди, може да доведе до болки во стапалата. Затоа, потребно е да знаете како да ги заштитите своите стапала, особено кога сте заглавени стоејќи на тврда површина. Понекогаш, поради работните обврски или затоа што се движите на место каде што нема можност за седнување, принудени сте да поминувате часови на нозе. Кога на пример сте на шопинг и шетате по продавници, потрудете се привремено да ги одмарате нозете. Потрудете се повеќе да се движите отколку да стоите во место, а кога веќе застанувате, побарајте клупа и седнете барем на неколку минути. Ако пак, на пример, чекате во ред, префрлајте ја тежината на по една нога, наизменично, давајќи си време за одмор. Повремено ротирајте го скочниот зголб на подигнатата нога. Доколку работното место од вас бара многу одење, тогаш чувајте два пара чевли во канцеларијата, едни со средно високи потпетици, а други со рамен ѓон. Менувајте ги колку што можете во текот на денот. Различните видови чевли активираат различни мускули, па така целото стапало ќе биде активирано, а ниту една група мускули нема да биде преоптоварена. Исто така, различните чевли нанесуваат притисок на различен дел од стапалото, па така ќе избегнете создавање на плускавци или стврднување на кожата. Секогаш трудете се обувките да бидат колку што е можно поудобни, бидејќи и еден час стоење во неудобни обувки може да предизвика остри болки во стапалата, слично како стоење во текот на целиот ден во удобни обувки. Доколку работата ви е поврзана со долги периоди на стоење во едно место, набавете си мало ќилимче и ставете го на местото каде што најчесто стоите. Кога ќе имате можност, собујте ги чевлите и неколку пати подигнете се на прстите, потоа ротирајте го скочниот зглоб и промрдајте со прстите. Кога стоите подолго, без можност за примена на малите трикови и кога најпосле ќе дојде паузата, при седнувањето, подигнете ги стапалата на нешто повисоко. Подигнувањето на стапалата над височината на колковите, макар и на неколку минути, ќе помогне во намалување на отоците.