- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Една од главните причини зошто несоницата и ноќното прејадување одат рака под рака е фактот што во раните утрински часови немате голем број на активности на располагање, па најчесто се решавате да посегнете по храна.
Една од главните причини зошто несоницата и ноќното прејадување одат рака под рака е фактот што во раните утрински часови немате голем број на активности на располагање, па најчесто се решавате да посегнете по храна.
Со текот на времето, можно е ноќното јадење да Ви прерасне во навика и на тој начин да внесувате преку 25 проценти од сите калории донца во ноќта. За да ги избегнете компликациите, следете ги овие 5 чекори и збогувајте се со ноќното прејадување.
Доколку морате да каснете нешто по вечерата, направете го тоа пред границата за јадење што ќе си ја поставите. И пресметајте ги калориите во вкупниот дневен внес. Калориите што ќе ги внесете пред спиење, не се разликуваат многу од калориите внесени преку ден – а на крајот сепак се бројат.
Започнете го денот со оброк. Луѓето што појадуваат имаат помали шанси да се прејадат во некој од следните оброци во текот на денот. Дополнително, честите помали оброци го одржуваат нивото на шеќер во крвта стабилно, па така нема да добиете чувство на слабост и прегладнетост во текот на ноќта.
Грицкањето додека гледате телевизија, разговарате со пријателите или пак сте пред компјутерот е по дефиниција најлошиот вид беспотребно јадење. Кога нешто Ви го одвлекува вниманието, во ситуација кога пред Вас има храна, значи дека воопшто нема да посветите внимание на она што го внесувате во себе. Ако морате да правите нешто со рацете додека гледате телевизија, научете да плетете.
Замислата е да се опуштите. За многумина, стресот е главната причина за прејадувањето во кој било дел од денот, вклучително и ноќта. Па така, ако среде ноќ се најдете во искушение да си турите уште една чинија мусли, медитирајте или дишете бавно 15 минути.
Ви се јаде нешто благо? Што велите за парче интегрален двопек со малку мед? Солено? Отворете си мало пакетче пуканки. Ослободете се од нездравата храна. Не можете да изедете цела кутија сладолед среде ноќ, доколку го немате во фрижидерот.