КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Здрави рецепти за пролет

На пролет најлесно е да се храните здраво. Во овој период има изобилство од свежо овошје и зеленчук, па со минимален напор ќе добиете вкусен и здрав оброк. Еве неколку работи кои треба да и знаете.

Превенција

Свежото овошје и зеленчук се навистина здрави делумно поради тоа што во себе содржат фитохемикалии, или корисни супстанци како што се бетакаротинот, фолната киселина и ликопенот кои помагаат во превенцијата од рак.

Едно јаболко на ден

Има вистина во старата изрека која вели “Едно јаболко на ден и здрав си како дрен“. Во овој период од годината само заменете го со јагоди или артичоки. Покрај губењето на вишокот килограми, исхраната богата со овошје и зеленчук го намалува ризикот од мозочен или срцев удар, ви помага во намалувањето на крвниот притисок и ве чува од очни болести.

Богати и тенки

Аспарагусот и артичоката се често поврзани со богати, луксузни менија, а дополнително тие се и многу хранливи: тие се одличен извор на влакна, и содржат многу витамини како Ц и Д и фолна киселина. Согласно експертите аспарагусот има особено хранливи својства, богат е со антиоксиданси како и со витамини К и Б.

Избирајте свежо овошје

Свежината на овошјето и зеленчукот е многу важна како за неговиот вкус така и за неговиот квалитет. Затоа, купувајте на пазарите директно од оние продавачи кои и самите се одгледувачи.