- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Кожата е првата работа која реагира на недостатокот од сон. Одредени истражувања покажале дека постои силна врска помеѓу акните и неспиењето. Веројатно, оваа појава е последица на промената во хормоните кога не сте доволно наспани.
Помалку сон значи и послаб имун систем, а со тоа и вашето тело е покревко на надворешните промени.
Црвени очи и потечени и темни кругови под очите се само некои од знаците дека вие имате сериозен недостаток на сон. Депривацијата од сон допринесува за појава на брчки, отеченост и опуштена кожа.
Зошто? Бидејќи клетките на кожата се обновуваат во текот на спиењето, а сонот има ревитализирачко дејство. Без сон, кожата околу очите не може да изгледа свежо.
Штом не сте добро одморени, вашиот метаболизам не може да функционира нормално. Хормоните кои влијаат на апетитот излегуваат од контрола и вие постојано се чувствувате гладни. Последицата е очигледна: вишок килограми.
Дали знаете дека после цела ноќ неспиење, веројатноста да посегнете по хамбургер е поголема? Мозокот во состојба на депривација од сон е повеќе скллон кон нездрави грицки и оброци. Можеби ова е последица на намалената способност за носење одлуки поради хроничниот умор.
Ова и не е некое изненадување, кога сте уморни дури ни 2 шолји кафе не ви се доволни. Кофеинот можеби е одговор за ненаспаноста, но многу брзо може да се претвори во проблем. Долготрајното конзумирање кофеин може да доведе до несоница и анксиозност.
Нерасположението е огромен знак за недостаток на сон. Една студија вели дека луѓето кои спијат по 4,5 часа дневно се многу повеќе изложени на стрес, а воедно се и нервозни, крути и ментално исцрпени.
Депресијата и неквалитетниот сон се блиску поврзани, а воедно и може негативно да си влијаат едно на друго. Неспиењето може да биде симптом, но и причина за депресија. Во овој случај, освен неопходноста од соодветна подлога за спиење, задолжителна е и посетата на психолог.
Дури и со само 2 часа помалку сон од обично, вие сепак можете да се разбудите нерасположени и намуртени. Ова влијае на вашите работни вештини, возачки способности и општа фокусираност.
Доколку забележите симптоми како гребење во грлото, сува усна, главоболка и слични чудни симптоми, морате веднаш да ги промените вашите навики на спиење, но и да го посетите вашиот матичен лекар.