- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Во денешно време пречесто слушаме за поимот стрес и последиците што доаѓаат со него. Но, како можете да бидете сигурни дека сте под премногу стрес, т.е. дека сте ја надминале онаа здрава граница што Ве прави помотивирани? Прочитајте ги најчестите знаци и начините како да се справите со нив.
Во денешно време пречесто слушаме за поимот стрес и последиците што доаѓаат со него. Но, како можете да бидете сигурни дека сте под премногу стрес, т.е. дека сте ја надминале онаа здрава граница што Ве прави помотивирани?
Прочитајте ги најчестите знаци и начините како да се справите со нив.
Тензијата го ослабува имунолошкиот систем, што може да доведе до зголемено присуство на бактерии во устата, што по некое време ќе предизвикаат иритација на непцата и нивно воспалување.
За да ја спречите или во најмала рака, да ја ублажите оваа состојба, во никој случај не пропуштајте да ги измиете забите најмалку двапати во денот, а ако можете и нешто почесто, т.е. секогаш кога чувствувате дека забите не Ви се чисти.
Хормоните што се излачуваат за време на стресните искуства можат да ја потиснат краткорочната меморија. За среќа, ефектите најчесто се краткорочни. Но, хроничниот стрес може да доведе до слични, трајни ефекти.
Ако не можете да го елиминирате стресот, барем визуелно добро организирајте се, користејќи календари, нотеси, потсетници и сл. со поставување на видливи и лесно достапни места. Освежувањето на меморијата го спречува нејзиното губење.
Кога мозокот ќе Ви се преоптовари со анкциозност и не знае како да ги процесуира сите информации, лошите соништа се најлесниот вентил за исфрлање на стресните искуства. Не ги земајте соништата премногу сериозно. Гледајте ги како бесплатна психотерапија – тоа е обид на Вашата потсвест да комуницира со свеста.
Обидете се да запишете што сте сонувале, а потоа ќе Ви биде многу полесно да ја одгатнете причината што лежи зад сонот.
Многумина, во сон или пак будни, имаат тенденција да ги стегаат мускулите во вилицата или пак да ги тријат забите кога се напнати. За да ја спречите оваа состојба треба да се консултирате со стоматологот. Ако ги триете забите, тој може да Ви направи штитник што ќе го спречи тој процес.
На крајот, сепак е подобро да работите на намалување на стресот во животот, отколку на ублажување на симптомите. Справувањето со симптомите оставете го како последна опција, само кога не постои друг излез.