- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Дали ви е тешко да ги исклучите гаџетите пред спиење? Дали и вие сте еден од милионите зависници од електронските играчки и си легнувате со лаптоп, таблет-компјутер или смартфон во раката?
Дали ви е тешко да ги исклучите гаџетите пред спиење? Дали и вие сте еден од милионите зависници од електронските играчки и си легнувате со лаптоп, таблет-компјутер или смартфон во раката? Неможноста да се тргнете од омилениот уред за комуникација веројатно е она што го отежнува процесот на заспивање, на крајот од денот. Во најновото истражување публикувано во американско списание за здравје, беше заклучено дека уредите кои имаат осветлени дисплеи во голема мера го зголемуваат ризикот од нарушување на процесот на спиење.
Уредите кои оддаваат светлина: мобилни телефони, телевизори и компјутери, исто така оддаваат и краткобранова оптичка радијација. Иако оваа радијација е незабележлива за човечкото око, таа ги потиснува природните нивоа на мелатонин, што на крајот ви го отежнува заспивањето и уште пострашно – ви ги намалува шансите квалитетно да се наспиете и да се одморите. Студијата била спроведена Центарот за истражување на светлина во Њујорк. Во текот на истражувањето биле набљудувани 13 испитаници, кои добиле пролонгирана изложеност на различни степени на осветлување. На крајот истражувачите заклучиле дека два или повеќе часа поминати со гаџети пред себе драстично го потиснуваат нивото на мелатонин. Ваквата инхибиција не го оневозможува само процесот на заспивање. Потиснувањето на мелатонинот веќе е поврзано со зголемен ризик од одредени видови рак и прекумерна телесна тежина, што го прави отсјајот од вашиот лаптоп уште пострашен. Иако е незамисливо живеењето во 21. век без смартфон или телевизор со рамен екран, јасно е дека навременото исклучување на гаџетите ќе ви овозможи да се наспиете и да се одморите. Ако ваквата помисла ве плаши, ви препорачуваме да прочитате некоја добра книга – но, тоа да не биде електронска книга.