КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Зошто не можете добро да спиете кога се селите?

Преселбата е голем настан во нашиот живот. Дали знаете дека селењето може да потрае и до еден месец, додека целосно да се сместите во вашиот нов дом? Дури и кога само заминувате да студирате или барате нова работа со ново место на живеење, тоа претставува почеток на еден нов, поинаков период од вашиот живот. Вселувањето со вашиот партнер или селењето на целото, е дополнителен притисок за вас. Затоа, не е ни чудно што за тоа време сте постојано под стрес, што е секако причина за лошо да спиете.

Како да го намалите нивото на стрес?

  • Планирајте ги активностите и подгответе детална временска рамка.
  • Побарајте од вашите пријатели да ви помогнат при преместување на кутиите, чистење и други задачи. Ангажирањето на компанија за селидби може да биде исто така корисно.
  • Пакувањето на вашите омилени предмети, многу од кои може да се скршат, или пак се тешки, гломазни, може да одзема многу време. Дајте си време да поминете внимателно низ вашите работи и да се ослободите од се она што ви е непотребно.
  • Обележете ги кутиите за да знаете што сте спакувале во секоја од нив. Ова исто така ќе го олесни процесот на вселување.
  • Не заборавајте да одвоите време да се опуштите. Правете вежби за дишење или едноставно одете на прошетка за да го разбистрите умот.
  • Погрижете се да јадете добро, да пиете доволно вода и да се одморите доволно.

 Погрижете се вашето тело да има време да се регенерира

Секој кој некогаш морал да се сели знае дека покрај тоа што е тешко за умот, селењето може да биде доста напорно за телото. Ова се случува особено затоа што е вклучена многу физичка работа. Поради тоа што ќе бидете на нозе долго време, вашите нозе ќе бидат тешки и може да отекуваат. Кревањето и носењето кутии, мебел и други работи ќе ви го оптоварат грбот. Ако пак додека се селите, треба и да работите по 8 часа во денот, многу е веројатно дека ќе имате малку време за спиење. Обидете се да си помогнете со тоа што нема да спиете на несоодветни површини, поради што можете често да се будите во текот на ноќта, многу често со болки во телото и поизморени.  

Како да го подобрите сонот додека се селите

Особено кога селиме во нов дом, во кој сеуште немаме соодветно легло, се трудиме да импровизираме. Со цел подобро да спиете, поставете наддушек кој ќе додаде удобност и ќе даде соодветна поддршка на вашето тело. Понатаму, кога ќе купите соодветен кревет, можете или да го користите за гости или дури и да го ставите врз вашиот душек за да ја зголемите удобноста.

Спиење во вашиот нов дом

Направено е истражување според кое жените се вртат додека спијат во нивниот нов дом до 16 дена, а мажите 13. Потоа поминуваат уште 2 недели пред повторно да се чувствуваат целосно одморени. Причините за лошиот сон се чувството на сигурност, приспособувањето кон новите соседи и околината, новите луѓе итн. Ова значи дури до еден месец несоодветен сон, па затоа добро изберете го вашиот душек.

Каков треба да биде вашиот душек?

Во зависност од тоа каде и за кој временски период ќе се селите, мала е веројатноста дека ќе го земете стариот душек со себе. Обично, на почетокот или се задоволуваме со она што е веќе во новиот стан или купуваме нови предмети. Поради сите трошоци, многу луѓе бираат поевтини решенија за спиење кои можеби не им одговараат. Ако и вие се најдете во оваа ситуација, проверете дали можеби имате резерви во вашиот буџет, одвојте го потребното време за да видите каков вид на душек одговара на вашите потреби и инвестирајте мудро. Ова сигурно ќе резултира со подобар, освежувачки сон, што ќе го направи селењето во вашиот нов дом попријатно.