КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да одредите дали Ви е потребен нов кревет

Неопходно е душекот да го заменувате на секои 7 години – или пак почесто. Кога последен пат сте го замениле Вашиот душек? Многумина размислуваат за замена на душекот единствено кога е многу стар и речиси се распаѓа. Бидете сигурни дека тоа е предоцна за да го задржите здравјето и расположението. Спиењето на истрошен душек е слично на обидот да истрчате маратон на излижани патики. Вашето тело бара и заслужува многу повеќе. Дали Ви е потребен нов душек?

Неопходно е душекот да го заменувате на секои 7 години – или пак почесто. Кога последен пат сте го замениле Вашиот душек? Многумина размислуваат за замена на душекот единствено кога е многу стар и речиси се распаѓа. Бидете сигурни дека тоа е предоцна за да го задржите здравјето и расположението.

Спиењето на истрошен душек е слично на обидот да истрчате маратон на излижани патики. Вашето тело бара и заслужува многу повеќе. Дали Ви е потребен нов душек?

Одлучете се да купите нов душек доколку:

  • Можете да ги почувствувате федерите, грутките во сунѓерот или пак вдлабнатини на површината;
  • Се слушаат чудни звуци кога се превртувате;
  • Се создала дупка во средината и постојано пропаѓате во неа;
  • Постојат видливи знаци на истрошеност (вдлабнатини, грутки, надворешната ткаенина е скината или пак се распаѓа);
  • Сте спиеле или сте се одмарале на него секој ден или речиси секој ден, повеќе од 7 години.

Доколку сте забележале барем еден од горенаведените знаци на Вашиот душек, веќе е крајно време да го замените. Сепак, ова не се единствените знаци дека нешто не е во ред со Вашиот душек.

Последиците од лош душек најмногу ги чувствува Вашето тело

Скинатата надворешна ткаенина на душекот не е единствената причина да го замените. Доколку се разбудите наутро со вкочанети екстремитети или пак со болки, или пак се разбудите среде ноќ и екстремитетите Ви се отрпнати или пак ги чувствувате тешки, земете ја предвид состојбата на Вашиот душек. Веројатно нешто не е во ред со него.

Вашето тело секогаш јасно ќе Ве предупреди кога спиете на душек кој не му обезбедува доволна потпора. Оттаму, Ве охрабруваме внимателно да ги разгледате знаците кои Ви укажуваат дека спиете неквалитетно. Телото, во случајов за жал, има голема способност за приспособување, па по некое време, овие сигнали ќе исчезнат (или ќе се намалат).

Како да ги забележите несаканите ефекти од лошото спиење?

Краткорочните ефекти од спиењето на несоодветен душек се забележливи веднаш:

  • Несоница;
  • Раздразливост;
  • Расеаност;
  • Слаба концентрација;
  • Постојан глад, желба за слатки;
  • Превртување в кревет;
  • Болка во вратот, горниот или долниот дел од грбот;
  • Замор;
  • Ненаспаност.

По неколку месеци или дури години спиење на лош душек, се чувствуваат и долгорочните последици:

  • Зголемена телесна тежина;
  • Забрзано стареење, позабележливи брчки на лицето;
  • Намалена продуктивност и проблеми на работното место што произлегуваат од ова;
  • Незадоволително слободно време поминато со семејството и пријателите;
  • Летаргичност;
  • Потешкотии при спортски активности;
  • Чувство на генерално незадоволство и намалено уживање.

Кога треба да купите нов кревет?

Веќе станува јасно дека душеците не траат вечно. Поради сѐ поголемиот број луѓе кои имаат проблеми со спиењето, алергии и болки во зглобовите и ’рбетот, сфативме дека квалитетното спиење зависи од добриот квалитет на душекот. Истрошен душек всушност може да ги влоши здравствените проблеми.

Прво што треба да направите е да проверите каков вид душек имате.

За почеток, одговорете ги следниве прашања:

Каква е состојбата на Вашиот душек?

Ниту еден душек на пазарот не трае вечно. Можете да добиете многу долга, дури и доживотна гаранција, но тоа не значи дека купувате душек кој е наменет да трае цел живот. При одредување на староста или поточно адекватноста на Вашиот душек, не гледајте ја само етикетата. Таа не е вистински показател за состојбата на креветот.

Дури и ако сте купиле душек со гаранција подолга од 10 години, тоа не значи дека ќе спиете на истиот начин толку време. Обично, должината на гаранцијата на некој производ е ветување од производителот дека одредени физички карактеристики на душекот нема да се сменат во тој период. Накусо, Ве уверува дека сте купиле производ со висок квалитет.

Одредувањето колку долго некој производ ќе одговара на Вашите потреби е сосема поинакво нешто. Дури и ако производот ги зачувал сите свои карактеристики со текот на годините, сепак можете да имате проблеми спиејќи на него. Така е затоа што Вие сте се промениле.

Што се променило во Вашиот живот?

Кои промени Ви се случиле во последните 10 години од животот? Дали сте стапиле во брак, сте се преселиле, значително сте ја зголемиле или намалиле телесната тежина, сте биле бремени или сте биле болни? Сите овие промени имаат влијание на Вашето тело, како и на Вашиот живот.

Човечкото тело постојано поминува низ промени и развива нови потреби. Процесот на стареење предизвикува промени во телесната тежина, формата на телото, мускулната маса итн., па душекот што Ви бил соодветна потпора на 25 години, можеби веќе не може да Ви ја овозможи истата потпора на 35 години. Колку што сте постари, на Вашето тело му е потребен помек душек кој делува благопријатно на чувствителните делови.

Сепак, тоа не значи кој било помек душек – структурата на душекот мора да биде доволно цврста за да обезбеди соодветна потпора за Вашиот ’рбет.

За кои намени го користите душекот?

Доколку спиете на Вашиот душек, секоја вечер и го користите за гледање телевизија, појадување, читање, вежбање или го користите како софа, па дури и како трамполина за децата; тој многу побргу ќе ги загуби позитивните карактеристики.

Како се грижите за душекот?

За душекот мора да се води соодветна грижа. Верувале или не, Вашиот душек станува рај за голем број непоканети и непријатни гости и супстанци во текот на неговиот животен век:

  • Секоја вечер човечкото тело излачува околу 0,3 литри пот и други секрети (што е приближно на една лименка) и сето тоа се апсорбира во душекот. Одреден дел од течноста испарува во текот на денот, но голем дел останува во душекот;
  • Секоја вечер ни паѓаат по 1,5 грама перут и мртви кожни клетки на душекот (или приближно 100 до 200 грама годишно);
  • Душек кој сте го користеле 5-6 години содржи повеќе од 200 грама органски и неоргански прав;
  • Уште поважно, душеците се совршени гнезда за: спори, бактерии, вируси и прашинските грини, кои се кобни за луѓето кои страдаат од алергии. Според грубите пресметки, душек кој сте го користеле 10 години содржи околу 2 милиони прашински грини и што е полошо, нивниот измет.

Сево ова значи дека е многу важно соодветно да се грижите за Вашиот душек. Доколку редовно не го проветрувате и не користите соодветна заштита, Вашиот душек ќе има многу кус животен век.

Размислете дали Вашиот стар душек навистина е соодветно место за поминување една третина од секој ден. Кликнете на следниот линк за да го видите водичот „Како да го одберете вистинскиот душек“ и купете си нов душек. Вашето тело го заслужува тоа!