- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Веќе можеме да го сретнеме во чевли, автомобилски седишта, па дури и во долна облека. Сепак, најчесто се среќава во душеците.
Приказната за мемори пената започна во блиското минато, кога НАСА беше во потрага по соодветен материјал кој ќе го намали притисокот врз телата на астронаутите при нивното лансирање во орбита.
Па така, на почетокот на седумдесеттите, истражувачкиот центар на НАСА дизајнираше материјали кои имаа за цел да ги заштитат астронаутите од гравитациските сили при лансирањата. Клучот за нивниот успех беше високо технолошкиот материјал – вискозно-еластичната мемори пена, која има способност да се приспособи на формата на различните тела, а по намалување на притисокот, да се врати во оригиналната форма.
Поради позитивниот ефект кој мемори пената го имаше при намалување на притисокот од гравитациските сили, наскоро започна да се користи во медицинскиот третман на неподвижните пациенти, за олеснување на притисокот на нивните рани и воопшто на целите тела кои постојано се во лежечка положба. Извонредните карактеристики на мемори пената значеа и брзо проширување насекаде низ светот. Денес, главно се користи во насока на подобрување на спиењето и квалитетот на животот на луѓето.
Во Дормео, веќе со години сме фокусирани на напорот за развивање душеци направени од мемори пена. За да им обезбедиме на потрошувачите квалитетно спиење и оптимална удобност, создадовме удобна мемори пена која рамномерно ја распределува тежината на телото по целата површина.
Душек со јадро од мемори пена во целост се прилагодува на формата на Вашето тело и неговата температура и ја намалува напнатоста. Штом ќе се намали притисокот врз телото, се подобрува циркулацијата, затоа што телесните течности можат слободно да протекуваат низ организмот, без да се создава дополнителен притисок врз капиларите. Оттаму, душеците од мемори пена се особено погодни за луѓето кои страдаат од болки во долниот дел од грбот, вратот, колковите итн. Овие душеци имаат смирувачки ефект на бремените жени и оние кои имаат проблеми со спиењето поради постојано превртување во текот на ноќта.
Мемори пената е направена од вискозно-еластична пена со структура на отворени ќелии. За разлика од другите пени, таа има поголема густина и е чувствителна на температурни промени.
Тоа значи дека поради уникатната структура, совршено се прилагодува на формата и тежината на телото, но штом притисокот ќе се отстрани, мемори пената полека се враќа во оригиналната форма.
Исто така се приспособува и на телесната температура, па така во текот на спиењето ќе престанете да ја чувствувате површината на душекот, а наместо тоа ќе бидете завиткани во удобност.
Мемори пената во суштина е премногу мека за да биде соодветна за целосната конструкција на душек, па затоа се додаваат потврди материјали за да се обезбеди потпора за телото и ергономски правилна положба за ’рбетот. Овој материјал вообичаено е флексибилниот, издржлив Екоцел®.
Во палетата на Дормео, постојат душеци со различна дебелина на мемори пената: