- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Добра перница треба да задоволи повеќе критериуми за навистина да Ви обезбеди удобност и здраво спиење:
Дормео има неколку перници во понудата, кои се разликуваат според дизајнот, материјалите и димензиите. За да Ви помогнеме при изборот на вистинската перница за Вас, подготвивме практичен водич за купување за Дормео перници.
Можете да ја одберете вистинската перница за Вас, земајќи ги предвид следниве фактори:
Првото нешто што треба да го земете предвид при одбирањето перница е нејзината форма, поточно, дали сакате да биде анатомска или класична. Формата на анатомската перница ги следи контурите на телото, поточно на главата, вратот и рамената. Погодна е за спиење на грб и на страна.
Палетата на Дормео вклучува неколку анатомски перници од кои можете да одберете:
За оние кои сакаат класични перници, имаме:
Доколку преферирате да спиете на стомак, потребна Ви е мека, ниска перница, која е наполнета со свила или микрофибер и која се приспособува на Вашата тежина.
Препорачуваме:
На оние што спијат на грб им е потребна повисока, средно цврста перница и анатомски облик на истата. Перницата мора да обезбеди природна, закривена положба за ’рбетот, а исто така и вратот и рамената треба да имаат соодветна потпора за време на спиењето. Доколку ’рчите кога спиете на грб, тогаш Ви е потребна перница против ’рчење.
Препорачуваме:
Доколку преферирате да спиете на страна, на Вашето тело му е потребна повисока, поцврста, анатомски обликувана перница, која ќе му обезбеди потпора на Вашето тело, во правилната положба. Додека спиете на страна, важно е главата да не Ви виси, па затоа Ви е потребна флексибилна анатомска перница која ќе обезбеди соодветна потпора за главата, вратот и рамената.
Препорачуваме:
Доколку често ја менувате положбата на спиење, потребна Ви е флексибилна перница што ќе Ви овозможи да спиете на страна, на грб и на стомак. Одберете средно мека перница со средна височина и полнење кое е цврсто и флексибилно.
Препорачуваме:
Најважниот дел од перницата дефинитивно е полнењето, затоа што тоа ја обезбедува потребната потпора. За оние кои страдаат од алергии е особено важно тоа да биде отпорно на прав. Дормео има перници со 5 различни видови полнење од кои можете да си одберете.
Мемори пената е термички чувствителен материјал создаден од НАСА за подобрување на удобноста на астронаутите за време на вселенските мисии. Особено е погодна за производство на перници, затоа што нејзината структура овозможува подесување на формата на телото и телесната температура во текот на спиењето.
Ја има во две форми:
Анатомските перници изработени од мемори пена се погодни за:
Дормео препорачува:
Класичните перници направени од парчиња мемори пена се погодни за:
Дормео препорачува: Мемосан Класик – перница која лесно се подесува, направена од парчиња мемори пена.
Wellsleep® микрофибер е направен од полиестер, екстремно лесен но издржлив материјал кој не се сплескува, не се троши, ниту пак се смалува, а кој исто така може да се пере. Перниците направени од Wellsleep® се лесни, проветрени, отпорни на прав и прашински грини и даваат чувство како да спиете на перница наполнета со пердуви.
Wellsleep® перниците се препорачуваат за:
Одбирањето на вистинската перница може да помогне во ублажување на одредени здравствени проблеми. Треба да одберете соодветна перница со помош од Вашиот лекар или фармацевт, но Ви подготвивме неколку општи совети кои земаат предвид неколку чести проблеми.
Луѓето кои се алергични на прашински грини треба да избегнуваат полнења во кои прашинските грини имаат тенденција да се гнездат (на пример – пердуви). Одберете перници полни со материјали кои наликуваат на свила и пердуви – Wellsleep® микрофибер или мемори пена.
За оние што страдаат од алергии се препорачуваат:
Постојат многу причини за болки во вратот, а една од нив дефинитивно е спиењето на лоша перница или лош душек или пак спиење во несоодветна положба.
Доколку спиете на стомак и имате болки во вратот наутро, веројатно тоа се должи на фактот што спиењето на стомак создава поголем напор во мускулите на вратот. Препорачуваме да ја промените положбата на спиење и да започнете да користите анатомски обликувана перница. Можете да одберете од трите перници со мемори пена кои се приспособуваат на формата на вратот и ја намалуваат болката:
Можете да ги погледнете сите Дормео перници доколку кликнете овде, каде што се достапни детални описи на сите производи.
Дали би сакале да купите нов душек, но не знаете кој? Кликнете овде за да го погледнете водичот за купување: Како да одберете нов душек.
За целосно да го заокружите изгледот на спалната соба и да создадете пријатно место за спиење, исто така Ве покануваме да ја погледнете огромната палета ќебиња, покривачи и постелнина. Не заборавајте ја ниту нашата модерна, атрактивна постелнина која сигурно ќе ги импресионира и најпребирливите потрошувачи.
Доколку и натаму имате прашања, тогаш Ве покануваме да се јавите кај нашите Дормео Консултанти на телефонскиот број 02/3094-552. Нашите оператори со задоволство ќе Ви помогнат да го купите совршениот производ кој одговара на Вашите потреби.