- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
За да Ви помогнеме во одлуката, направивме листа со 5 чекори кои ќе Ви го олеснат овој процес. Тие нека Ви бидат водич кој може да Ви помогне во изборот на вистинскиот душек.
Можеби звучи толку едноставно што не треба ниту да се споменува, но првиот чекор секогаш мора да биде одлуката за правилната големина на душекот. Кога ќе го одбирате душекот од Вашите сништа, бидете сигурни дека ја има потребната големина и точните димензии.
Доколку не сте сигурни која е правилната големина, проверете повторно наместо да донесете избрзана одлука.
Понудата на Дормео ги содржи сите класични големини, но исто така Ви овозможува и да си нарачате душек според Ваши димензии.
При изборот на душек, бидете сигурни дека ќе обезбеди соодветна потпора за ’рбетот. Дури и ако во моментот немате проблеми со грбот, правилниот избор на душек може да има влијание на тоа дали ќе ги имате во иднина.
Сите Дормео душеци обезбедуваат правилна потпора за ’рбетот и можат да помогнат со постоечките проблеми со грбот и вратот. Исто така, ја спречуваат појавата на несакани последици во иднина.
Вашиот душек треба да биде удобен. Ова едноставно значи дека се чувствувате удобно кога ќе легнете на него, а пред сѐ, можете да се опуштите лежејќи на него во кое било време. Одлучете се за душек кој можете да го испробате, бесплатно, неколку недели, за да можете да се одлучите дали тој е вистинскиот за Вас.
Можете да одберете од совршено удобните душеци од асортиманот на Дормео. Можете да го тестирате Вашиот душек 30 дена за да одлучите сами дали тој е правилниот душек за Вас. Доколку душекот не е вистинскиот, Дормео ќе Ви ги врати парите.
Обично користиме еден душек повеќе години. На него спиеме, се одмараме, а понекогаш и јадеме, гледаме телевизија, читаме... па така душекот може да стане гнездо на бактерии и паразити, со што создаваат алергенси кои предизвикуваат алергии и астма. Според тоа, кога одбирате душек, неопходно е да погледнете како тој е заштитен од разните микроорганизми.
Многумина се убедени дека само најскапите нешта можат да бидат најдобри. Сепак, со трендовите на глобализација и широкиот пазар, држењето до овој принцип при изборот на душек е едноставно ирационално.
Цената не треба да биде единствениот критериум при изборот на душек! Во денешно време можете да купите душек со врвен квалитет за помалку пари. Со достапните, а сепак супериорни душеци, Дормео покажа дека добрата цена и високиот квалитет можат да одат заедно.
Во Дормео, можете да одберете од неколкуте душеци кои ги нудиме. Овие душеци кои ги задоволуваат потребните стандарди и се скроени за специфични индивидуални вкусови и потреби.
Покрај конвенционалните душеци, создадовме две решенија за старите душеци, каучи и неудобни кревети на спуштање. Исто така ги зедовме предвид удобноста на гостите во Вашиот дом и Вашата удобност кога спиете надвор од домот.