- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Колку е важно да спиете на вистинската перница
Во просек луѓето спијат помеѓу 7-8 часа во текот на ноќта. Затоа, навистина е важно да ја имате вистинската перница, која не само што ви обезбедува удобност, туку и ги ја спречува болката во главата, вратот и грбот, обезбедува правилна поставеност на вашиот ’рбет, ве штити од алергии и обезбедува мирен сон во здрава средина.
Спиењето на погрешна перница може да резултира во недостаток на сон и појава на различни болки, но и сериозно може да влијае на нашето здравје и може да резултира со сериозни последици како што се депресијата и срцеви заболувања.
Кога треба да ја сменам мојата перница?
Правило е дека перницата треба да ја менувате на 2-3 години. Во спротивно, еве неколку знаци кои ќе ве алармираат дека е време за промена:
Дури и ако таа нема видливи оштетувања, по 2 години се препорачува да ја замените со нова.
Старите перници не ви овозможуваат соодветна поставеност на вратот што влијае на целиот ’рбет.
Сменете ја вашата перница ако секогаш кога ќе легнете треба да ја протресувате за да ви биде доволно удобна или пак ако перницата остане превиткана и и треба долго време за да се врати во првобитната положба.
Прашинските грини, бактериите, мувлата и потењето создаваат нездрава средина и можат да предизвикаат алергии и астма. Експертите препорачуваат оние кои патат од алергии да ја менуваат перницата на секои 2 години.
Непријатниот мирис на вашата перница може да биде предизвикан од бактерии, мувла, габи и пот, и ви покажува дека мора што е можно поскоро да ја смените.
Доколку цела ноќ се превртувате и не можете да заспиете, најдобро решение е најверојатно менувањето на вашата перница, особено имајќи предвид дека недостатокот од сон може да доведе до сериозни последици по вашето здравје.
Околу една третина од животот ни поминува во кревет, па затоа перниците се навистина важен и клучен фактор во обезбедувањето на поквалитетен сон и, воопшто, живот.