- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
На нашата веб-страница сте забележале термин и не сте биле сосема сигурни за неговото значење? За подобра транспарентност и за да Ви помогнеме при одлуката за купување, подготвивме речник на помалку користени изрази.
Алергенс е микроскопска честичка која навлегува во телото и го нарушува имунолошкиот систем. Алергенсите можат да бидат од природно потекло или пак хемиски супстанци. Најпознатите природни алергенси се: куќниот прав, поленот, прашинските грини и нивниот измет.
Алое е неверојатно растение кое има смирувачки ефект на телото. Тоа има анти-алергиски и анти-бактериски својства. Ги уништува габите и ги смирува воспаленијата. Исто така ја стимулира функцијата на имунолошкиот систем, ги лечи раните, го забавува процесот на стареење и создавањето брчки и го поттикнува процесот на регенерација на кожата.
Анатомските душеци и перници обезбедуваат одличен степен на удобност и се пријатни за зглобовите, лигаментите и мускулите. Високиот анатомски степен значи дека душекот и перницата совршено ќе се прилагодат на природната форма на телото.
Дер п-1 е технички термин за алергенсот кој најчесто може да се сретне во душеците, јорганите и перниците, како и во мекиот мебел, ќилимите и завесите. Го создаваат прашинските грини (Dermatophagoides Pteronyssinus) кои се гнездат во незаштитените душеци и постелнината и ги користат овие места за размножување. Нивниот измет и остатоците од мртвите прашински грини со текот на времето се претвораат во невидлив прав што предизвикува алергиски реакции кај оние што страдаат од алергии и астма и значително го отежнуваат спиењето. Еден незаштитен душек е дом на 10 милиони прашински грини и токму затоа заштитата е клучна за здравото спиење за сите што страдаат од алергии и астма, а особено за децата.
Ecocell е напреден, современ, синтетички, еластичен материјал, кој се истакнува поради цврстината, одличната приспособливост и вентилацијата. Штити од алергенси, хигиенски е, лесен и еколошки, со оглед на тоа што е погоден за рециклирање.
Кашмир е волна со врвен квалитет која се добива со ткаење на влакната од козите од Кашмир. Она што се добива и свиленкасто меко предиво кое е лесно и топло. Кашмирот главно се користи во производството на облека со висок квалитет и ќебиња и перници.
Мемори пената е иновативен материјал развиен од НАСА за олеснување на притисокот од телата на астронаутите при патувањата во вселената. Набргу по откривањето на неверојатните терапевтски карактеристики, мемори пената го најде својот пат до производството на душеци. Мемори пената се приспособува на Вашата телесна температура, нежно ги потпира главата, рамената и вратот додека спиете и не создава притисок на често болните точки кои се наоѓаат во вратот.
Во споредба со вообичаената пена, ќелиите во мемори пената се компресираат со секое притискање. Штом притисокот ќе се отстрани, пената полека се враќа во оригиналната форма. Оваа карактеристика за бавно враќање во оригиналната форма, на пената ѝ дава терапевтски својства, затоа што поради еластичноста не создава притисок врз телото.
Прашинските грини се ситни аракниди (со големина од 0,1 до 0,5 милиметри), невидливи за човечкото око. Омилено место за гнездење им се душеците, мекиот мебел, перниците, меките играчки, јорганите и завесите; накусо – местата каде што добиваат доволна количина храна, влага и можат добро да се сокријат. Прашинските грини се проблем што предизвикува особена загриженост за оние кои страдаат од алергии или астма, со оглед на тоа што нивниот измет во форма на ситен прав (алергенс) предизвикува солзење, затнување на носот и кивање и кашлање.
Softdream влакната се силни синтетички валкна кои се отпорни на собирање и растегнување, бргу се сушат, не се гужваат и се отпорни на габи. Softdream влакната лесно се перат и поради тоа се одлични за изработка на јоргани, перници, бањарки и ним слични производи.
До пред само неколку години, употребата на сребро во козметиката, производството на душеци или слични производи изгледаше невозможна. Сепак, среброто кое вообичаено се користи како накит, за изработка на монети и огледала, влезе и во производството на душеци, поради своите извонредни својства. Зошто?
Поради позитивните ефекти на здравјето и благосостојбата, среброто е идеално за спиење и одмор затоа што:
Tencel се природни влакна кои се добиваат од целулоза, која исто така се користи и во производството на хартија. Производите од Tencel се екстремно меки, одлично апсорбираат влага, лесно дишат и се еколошки. Tencel бил создаден како резултат на најновите истражувања од областа на текстилот и Ви дава сѐ што очекувате од еден јорган: удобност, мекост и практичност.
Wellsleep® микрофибер се напредни, цврсти, полни влакна кои од повеќе аспекти се подобри од вообичаениот полиестер кој бил создаден пред повеќе од половина век. Wellsleep® микрофибер понекогаш се нарекува и „вештачки пердуви“, зашто наликува на пердувите од гуска, а имаат и слична намена. Wellsleep® микрофибер има бројни предности и намени. Соврешно ја регулира температурата, дава екстремно пријатно чувство на допир, минимално апсорбира влага и покажува висока отпорност на дамки. Wellsleep® микрофибер е ефикасен анти-алергенски изолатор и е погоден за оние кои страдаат од алергии и астма, а сепак сакаат да спијат на производи полнети со пердуви од гуска.