КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Водич за купување Дормео душеци

На што треба да обрнете внимание кога одбирате нов душек? Одбирањето на нов душек воопшто не е едноставна одлука, затоа дознајте како да го донесете вистинското решение!

Колку е важен Вашиот душек?

Дали некогаш сте помислиле на тоа колку време всушност поминувате во кревет? Ви се верува ли дека тоа е отприлика една третина од Вашиот живот? Од оваа причина сигурно и Вие ќе се согласите дека тоа време треба да го поминете најдобро што можете.

Токму затоа треба да одберете квалитетен душек!

Што е квалитетен душек?

На сите нас денот ни е исполнет со напорни активности и стрес. Токму затоа е навистина важно во текот на ноќта нашето тело да се одмори и регенерира. Ова единствено може да се постигне со душек кој совршено ќе се приспособи на сечија форма на тело и кој ќе даде поткрепа онаму каде што треба.

Што ако душекот е неквалитетен, лош или излитен?

Во тој случај, порано или подоцна, се појавуваат следните проблеми:

  • несоница,
  • раздразливост,
  • намалена концентрација,
  • вртење и превртување во кревет,
  • болки во грбот, слабината, вратот,
  • се будите уморни, ненаспани и вкочанети.
Накратко, спиете лошо!

А последиците можат да бидат:

  • Намалена продуктивност на работното место, а се разбира поради тоа и проблеми на работното место;
  • Намален квалитет на времето поминато со семејството и пријателите;
  • Нерасположеност и физичка исцрпеност;
  • Зголемена телесна тежина и забрзо стареење;
  • Последица на сето ова е вкупно незадоволство и несреќно живеење.

Ви се чини познато?

Доколку не спиете добро, многу е можно да сте избрале погрешен вид на душек или пак Вашиот душек е стар и треба да се замени.

На што треба да обрнете внимание кога одбирате нов душек?

Одбирањето на нов душек воопшто не е едноставна одлука

Денес на пазарот имаме широк избор на душеци (најразлични модели, направени, обложени и полнети со различни материјали...) и цените се најразлични (иако не секогаш соодветни со квалитетот). Токму затоа, често се случува премногу скапо да се плати на пр. воден кревет чиј квалитет не ги задоволува очекувањата. Од друга страна пак, понудите со ниски цени не ги содржат неопходните сервиси, кои се основни за одржувањето на водените кревети, па купувачите се оставени сами на себе.

Напредните материјали ги заменуваат класичните душеци

Друга работа што треба да се спомене е дека обичните душеци кои имаат пружини се така направени што притискаат на различни точки и токму затоа телото потешко се опушта, за разлика од душеците со третирани пени или латекс кои одлично се приспособуваат на секој дел од телото. Овие вторите прават да спиете подолго и мирно без да се вртите и превртувате односно без да ги менувате положбите на спиење.

Спијте без прашински грини

Покрај тоа, обичните душеци обезбедуваат совршена средина за развој на прашинските грини кои се хранат од човечкиот првут и се главна причина за алергиите и проблемите со респираторните патишта.

Истражувањата покажуваат дека во еден кревет стар две години просечно има околу два милиони живи и мртви прашински грини кои, кога ние се превртуваваме во кревет, се групираат околу нас во невидлив облак од прашина. За разлика од обичните душеци, душеците со третирани пени или латекс не дозволуваат собирање на прашинските грини.

Обрнете внимание на следните нешта кога одбирате нов душек:

1. Дали душекот му дава соодветна поткрепа на телото и грбот?

Душекот треба да служи како најдобра превенција на проблемите со грбот, вратот, слабината. Исто така треба да ги спречи болките во зглобовите и да го ослободи целото тело од напнатоста. Токму затоа, кога купувате душек внимавајте на еластичноста на материјалот од кој е направено јадрото на душекот кое овозможува ергономски правилна положба на спиење, а со тоа и поткрепа на Вашето тело и грб

2. Дали душекот е прилагоден на формата и тежината на Вашето тело (дали е анатомски и отропедски)?

За квалитетно спиење, потребен е душек кој ќе ни даде соодветна поткрета и кој ќе го релаксира нашето тело со минималниот број точки на притисок. Ова значи дека душекот совршено е приспособен на секој дел од нашето тело и со тоа овозможува долго и црвсто спиење без често превртување и менување на положбите на спиење, бидејќи притисокот е рамномерно распределен по целото тело.

3. Дали душекот е анти-алергентски (дали нè штити од прашински грини, мувла и бактерии)?

Во последните неколку години, бројот на пациентите со алергии постојано се зголемува. Без сомнеж, најчестата причина за алергиите во затворен простор се прашинските грини, а нивниот најголем извор се душеците во спалната каде постојат најдобри услови за живеење и размножување на грините: топлина, влажност и храна.

Истражувањата покажуваат дека во еден кревет стар две години просечно има околу два милиони живи и мртви прашински грини кои, кога ние се превртуваваме во кревет, се групираат околу нас во невидлив облак од прашина. Токму затоа треба да изберете душек кој ќе Ве штити од споменатите проблеми, како и од алергиите и бактериите.

4. Дали душекот „дише“ ( дали обезбедува микроциркулација – воздушна и топлинска циркулација)?

Важно е материјалот во јадрото на душекот да обезбедува најдобро можно проветрување во околината во која спиете, за балансирана влажност и топлина. Ова значи дека материјалот мора да биде составен од супстанции што овозможуваат максимална циркулација на воздух со што ќе биде зачувана топлината, а спречено насобирањето на влажноста. Имено, влажен и студен душек придонесуваат нашето тело да троши дополнителна енергија за загревање, што пак ни го нарушува сонот.

5. Дали обезбедува заштита против насобирање на прашина?

Мора да избереме душек што го спречува насобирањето на прашина при акумулирањето на статичен електрицитет. Електромагнетскиот смог го произведуваат различни тела кои емитуваат електромагнетски бранови: телевизискиот сигнал, радио сигналот, далечинските емитувања и електричните штекери. Материјалите испреплетени со карбонски влакна го спречуваат емитувањето на електромагнетната радијација.

6. Дали душекот е еколошки (дали е направен од еколошки и лесни за користење материјали)?

За жал, производството на модерните материјали го зголемува загадувањето на околината, а некои од супстанциите кои се произведуваат можат да бидат и многу опасни по човековото здравје.Токму затоа, особено е важно душекот да има сертификат за почитување на еко-стандардите. Одлучете се за душек кој се создава според еко-стандардите во текстилната индустрија односно душек направен од еколошки и лесни за користење материјали.

7. Дали душекот има долгорочна гаранција (под гаранција да биде и јадрото, а не само преслеката)?

Долгорочната гаранција на јадрото на душекот Ви овозможува промена на душекот во случај на некакви неправилности. Имајте во предвид дека десет или повеќе години се долг период и токму затоа снабдувачот сигурно има добра причина штом дава долгорочна гаранција за производот. Се разбира, ова е случај само кога е во прашање производ со врвен квалитет.

8. Дали душекот нуди најмногу во категоријата со иста цена?

Пред да купите душек, дознајте за неговите предности и споредете го со останатите душеци во категоријата со иста цена. Ќе забележите дека душеците што отпрвин Ви изгледале исти, многу се разликуваат во однос на предностите, како и според и цените – што е поврзано со производителот и брендот, но не секогаш и со квалитет на производот.

9.Дали можете да го вратите душекот доколку не сте комплетно задоволни со него и да ја добиете целата платена сума?

Кога на пазарот има голем избор, може да Ви се случи да купите душек што нема да Ви го овозможи комфорот кој сте го очекувале. Затоа е многу важно снабдувачот да Ви понуди бесплатно тестирање на душекот односно користење на душекот неколку дена по кои доколку не сте задоволни ќе можете да го вратите и да ја добиете целата платена сума.

10. Дали е обезбеден комплетен - совет, помош, услуга - сервис?

Зошто купувањето на душек да Ви претставува стресно искуство? Вистинскиот избор, проблеми со испораката, начинот на плаќање, потенцијалното враќање на производот...сето ова може да се претвори во вистинска ноќна мора доколку не Ви е обезбеден комплетен сервис при купувањето. Душекот треба да го купите онаму каде Ви е обезбеден соодветен сервис: едноставна нарачка, начин на плаќање според Вашите желби, лична достава, гаранција, можност за враќање на производот и активности по купувањето – како на пр. помош и совети.

Соодносот помеѓу цената и квалитетот на Вашиот душек е важен?

Зошто да платите премногу за квалитетно спиење? Ние во Дормео уште од почетокот се стремевме кон оптимален сооднос помеѓу цената и квалитетот на душекот. Тоа значи дека нудиме револуционерни душеци по привлечни цени, со предности што другите (многу поскапите) душеци на пазарот ги немаат. На овој начин Вие можете да си дозволите душеци со врвен квалитет за помалку пари!

Зошто Дормео е револуционарен душек?

Дормео душеците се резултат на долгогодишни истражувања. Успеавме да ги вклопиме сите важни пронајдоци во еден душек. Токму затоа Дормео душекот:

  • Не само што е анатомски и ортопедски,
  • Туку е и особен по заштитата со карбонски влакна,
  • Актигард заштитата,
  • Оптималниот проток на воздух и
  • Лесните за користење и еколошки материјали.

Обрнете внимание на стандардите кои гарандираат квалитет, чистота и заштита

Сите Дормео душеци ги задоволуваат сите неопходни стандарди:

ÖKO TEX STANDARD 100

ÖKO TEX STANDARD 100 –еколошки и лесни за користење материјали.

Öko-Tex Standard 100 и Oko-Tex 100 Standard - филозофијата на овој бренд е посветена на почитување на еко-стандардите во текстилната индустрија. Ги испитува и оценува сите штетни супстанции што можат да бидат штетни за корисниците поради несоодветниот процес на производство.

Кој душек е вистинскиот за Вас?

Дормео нуди различни видови на душеци кои освен што ги достигнуваат сите соодветни стандарди и имаат дополнителни предности, секој душек е прикладен на посебните барања на купувачите.

1. Душек iMemory Silver.

  • удобниот слој од iMemory мемори пена дава чувство на леснотија
  • јадрото со 3 зони дава оптимална потпора за телото
  • преслеката за душек Climalite го пренасочува вишокот влага надвор од душекот
  • терморегулаторните капсули го спречуваат претераното потење
  • сребрените влакна штитат од бактерии и алергенси
  • преслеката што може да се отстрани од душекот го прави одржувањето навистина лесно
  • Цена: од 15.990 ден.

2. Душек Алое Вера

  • Душекот Алое Вера има навлака која овозможува постојана импрегнација на ткаенината. Така постојано ќе уживате во смирувачките својства на Алое Вера:
  • навлаката на душекот е изработена од антиалергиски полиестер кој е импрегриран со алое вера, со што е отпорна на бактерии,
  • под навлаката има слој од антиалергиски силикон кој го спречува задржувањето на прашинските грини,
  • потоа следи слој од 14см. Ecocell пена за оптимална потпора на телото,
  • на долната страна повторно следи слој од антиалергиски силикон.
  • Цена: од 9.990 денари.

ШТО Е ВИСОКО ЕЛАСТИЧНА МЕМОРИ ПЕНА?

 

 

Терапевтски карактеристики

За разлика од обичната пена, ќелиите на високо еластичната мемори пена целосно се збиваат со секој притисок. Кога нема притисок, мемори пената полека се враќа во првобитната форма. И токму враќањето во првобитната положба е она што и дава терепевтски карактеристики бидејќи флексибилноста на материјалот не предизвикува никаква реакција врз телото.

Чувство на безтежинска состојба

Мемори пената исто така е чувствителна на топлина – на ниски температура е поцрвста (повисока и погуста) и помека на повисоки температури (поеластична). Ова создава чувство на „топење“ со пената, т.е. чувство на безтежинска состојба – кога ќе легнеме пената се прилагодува на температурата на нашето тело, омекнува и комплетно се прилагодува на формата на нашето тело.

Значително подобрен квалитет на спиење

Сите опишани карактеристики на високо еластичната мемори пена ја намалуваат напнатоста во вратот и грбот. Специфичните карактеристики на мемори пената прават телесната тежина да биде правилно распределена по целата површина. Затоа душекот совршено и одговара на формата и на позицијата на нашето тело. На овој начин телото се ослободува од целата напнатост

3. Дормео Рол-Ап Ер – дополнителен душек или покривач за удобно и здраво спиење.

  • Прикладен како дополнителен душек или како покривач за стари и ветви душеци. Идеален за каучи на извлекување бидејќи може да биде поставен врз старата основна или пак стариот душек да биде заменет со Дормео Рол-Ап. Го препорачуваме како дополнителен душек во секој дом, викенд куќи, приколки, шатори, на брод...
  • Одличен за грбот: може секој душек да го направи погоден за спиење, бидејќи на телото му дава потпора онаму каде што му треба.
  • Преслеката е изработена од квалитетен и издржлив материјал. Тенок слој на анти-алергентски силикон е додаден под преслеката.
  • Гаранција: Едногодишна гаранција на преслеката на душекот.
  • Цена:Од 4.290 денари.
Сите душеци се достапни во повеќе различни големини.

Поволности при купувањето

Дормео Ви се доставува директно во спалната

Душеците ги добивате дома - со достава или испорачани по пошта. Максималната хигиена при транспортот е обезбедена со вакумираното пакување.

Можност за плаќање на рати

Можноста за плаќање на рати (со кредитна картичка) ќе Ви овозможи лесно да го набавите душекот кој Ви е навистина потребен за квалитетно живеење.

Дали сакате гаранција за она што ќе го купите?

Вистинскиот избор на квалитетен душек е предуслов за квалитено спиење. Затоа, одберете го најдобриот – и разбудете се наспани!