- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Можеби проблемот е во Вашата перница.
Според последното истражување за квалитетно спиење во текот на ноќта, мнозинството (84.8%) од испитаниците веруваат дека перницата е многу важна за добриот сон. Но, истовремено, истражувањето открива вознемирувачки информации во врска со тоа колку често луѓето ги менуваат своите перници; имено 40% од испитаниците ги менуваат своите перници еднаш во три години, а 22% - еднаш во четири години, па дури и подоцна.
Можете ли да замислите колку всушност малку внимание посветувате на нешто што ја држи Вашата глава секоја ноќ? На нешто на кое ги допирате лицето и устата по 8 часа навечер. Доколку сте од оние луѓе што ретко ги менуваат своите перници, направете си услуга и купете нова. Ќе Ве изненадат позитивните ефекти од Вашата нова перница на Вашето тело.
Иако перницата е навистина важна за доброто спиење во текот на ноќта и нашето добро расположение во текот на денот, многу луѓе користат стари и дотраени перници. Тие драстично го намалуваат квалитетот на спиењето, а истовремено се причина за Вашите болки, алергии и отежнатото дишење. Добрата перница треба да обезбеди поткрепа за Вашите глава и врат, но ако е дотраена ја губи својата корисност.
Перницата која го „отслужила своето“ исто така ја нема ниту првичната флексибилност и неможе повеќе да ја даде потребната поддршка на Вашите глава и врат. Докулку сакате да проверите дали Вашата перница треба да биде заменета со нова, направете тест: Превиткајте ја перницата на половина. Ставете чевел врз едната половина. Доколку превитканата половина се дигне и врати во првичната положба, а истовремено чевелот падне – тоа значи дека сеуште има „живот“ во Вашата перница. Доколку перницата остане превиткана, Вие едноставно мора да си купите нова.
Перниците полнети со пердуви, полиестер и синтетика се идеални места за прашинските грини, кои пак можат да предизвикаат астма, алергии и проблеми со респираторните патишта. Од оваа причина, Дормео нуди перници изработени од софистицирани материјали кои го спречуваат собирањето на прашинските грини. Истовремено, овие материјали гарантираат и подолг рок на траење во споредба со обичните перници.
Овие перници се направени од мемори пена – Дормео Мемосан Анатомска и Дормео Мамосан Класична перница.
Анатомски дизајнирана перница со 100% памук и Ткаенина 3D Airmesh, совршено се приспособува на контурите на главата и вратот и овозможува анти-алергиска подлога за спиење. Цена: 1.790 денари.