КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да одберете заштитна прекривка за душекот

Добро одбрана заштитна прекривка ќе Ви помогне да го продолжите животниот век на Вашиот душек, ќе го задржите креветот свеж, а во исто време ќе си обезбедите удобност и мекост. Дормео има подготвено две заштитни прекривки, секоја со различна намена. Го подготвивме ова упатство за да Ви помогнеме да ја одберете вистинската за Вас, врз база на Вашите потреби и евентуалните здравствени проблеми.

Добро одбрана заштитна прекривка ќе Ви помогне да го продолжите животниот век на Вашиот душек, ќе го задржите креветот свеж, а во исто време ќе си обезбедите удобност и мекост.

Дормео има подготвено две заштитни прекривки, секоја со различна намена. Го подготвивме ова упатство за да Ви помогнеме да ја одберете вистинската за Вас, врз база на Вашите потреби и евентуалните здравствени проблеми.

За оние кои страдаат од алергии

Тие што страдаат од алергии предизвикани од прав или прашински грини или пак имаат астма, често имаат алергиски проблеми додека спијат. Ова особено важи за оние кои спијат на незаштитен кревет. За да си ги намалат проблемите и да го одржат душекот чист, препорачуваме антиалергиска заштитна прекривка која може да се пере на високи температури за да се уништат алергенсите, вклучително и прашинските грини.

Дормео препорачува: Заштитна прекривка Силвер

Дормео Силвер заштитната прекривка е проткаена со сребрени влакна.

Оваа прекривка е комбинација на традиционалните карактеристики на сите заштитни прекривки и придобивките кои ги нудат сребрените влакна.

За тие што сакаат природни материјали, тие што имаат тенденција за засилено потење или често им е претопло додека спијат

Одберете прекривка со бамбусови влакна за лесно, проветрено чувство на креветот. Доколку имате тенденција за засилено потење додека спиете или пак имате чувствителна кожа и често ви претопло, бамбусовите влакна се вистинскиот избор за Вас. Тие го регулираат потењето, го апсорбираат вишокот влага, штитат од бактерии и габи и постојано одржуваат пријатна температура.

Дормео препорачува: Заштитна прекривка Карбон

За оние кои патат од алергија на прашински грини или едноставно сакате да го заштитите вашиот душек од нечистотии и дамки. Без оглед на тоа колку сте внимателни, сепак постои можност да го оштетите душекот.

Како комбинација на квалитетот на традиционалните природни влакна и карактеристиките на материјалите, карбон влакната не само што го намалуваат електрицитетот и ви овозможуваат порелаксиран сон, туку и го заштитуваат вашиот кревет од непријатни мириси и прашина.