КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Приказна за убавиот сон

Сонот е толку важен, толку неопходен. На повеќето од нас, сонот ни ја враќа енергијата по долгиот ден на работа. Но, за жал, многумина се трудат да спијат што е можно помалку. Навидум, има поинтересни работи за правење од неколкуте часа сон. Но, како што се важни вежбањето и правилната исхрана за вашето здравје, така е и спиењето.

Квалитетот на вашиот сон директно влијае на вашиот живот, на виталноста, продуктивноста, емотивниот баланс, креативноста, физичката виталност, дури и на вашата тежина. Ниедна друга активност не дава такви резултати со толку малку труд!

Кога не можете да Зззз ...

Проблемите се појавуваат кога не можете да спиете. Кога вашиот сон е прекинат. Кога се будите исцрпени, изморени и поспани.

За да имате мирен и удобен сон, треба да бидете сигурни дека секоја вечер легнувате на чист кревет со високо-квалитетен душек, соодветна перница и удобна постелнина.

Дормео е решен да ви го понуди најдоброто што постои.

Најважните 5 фактори во човечкиот живот се: раѓање, храна, сон, љубов и смрт.

Е.М. Форстер

12 години постојан развој со цел да ви го понудиме најдоброто

Дормео не е само бренд кој го гледате околу вас. Ние во Дормео го посветуваме нашето време и труд за да ги развиеме најдобрите, најиновативните и најудобните решенија за квалитетен сон.

Повеќе од 300 производи за подобар сон и удобно живеење

Како започна сè...

Се започна во 2002 година кога Дормео го лансираше својот прв душек од пена, претставен на купувачите преку телевизија.

Неговите одлични карактеристики и материјали, како и позитивните мислења на купувачите, нè охрабрија да продолжиме со добрата работа и да се фокусираме на нови материјали, нивното комбинирање, како и нови начини за да им помогнеме на луѓето да имаат квалитетен сон, секој ден.

По 12 години напорна работа, со гордост можеме да кажеме дека успеавме, но продолжуваме со нашата мисија.

Лансиравме преку 300 производи за подобар сон и живот, како душеци, перници, јоргани, летвички, заштитни прекривки за душек, постелнини, производи за деца, декоративни производи, додатоци за бања како и други производи за удобен живот.

Не застануваме тука

По 12 години, Дормео е светски познат бренд кој го најде своето место во милиони спални соби во Европа и пошироко, подобрувајќи го животот на многумина. Дормео се гордее со своите постојани иновации, почнувајќи од користење на традиционални и револуционерни материјали, до процесот на производство, па сè до следењето на потребите на купувачите и нивните желби.

А ова се нашите последни достигнувања!

Иновативно откритие – пружини од пена, само во Дормео!

Нашата најнова иновација е револуционерната Октаспринг технологија од белгискиот иноватор Вилијам Поуп, користена во изработката на најновата генерација душеци Дормео Air.

Се карактеризира зо уникатни 3D приспособливи пружини од пена со структура на саќе, кои го комбинираат најдоброто од металните пружини и мемори пената.

Секоја Октаспринг пружина има 8 страничен дизајн на саќе и при движење во било која насока, овозможува поддршка, удобност и проветреност.

Дормео Октаспринг нуди совршена удобност преку 3 различни душеци.

Во секој од нив, Октаспринг пружините со различна цврстина, се наредени за да обезбедат совршено ниво на поддршка на целото тело, а со тоа и мирен сон.

И ние како дел од заедницата, сакаме да придонесеме за неа

Општествена одговорност

Животот понекогаш знае да стане навистина тежок и да остави многу луѓе во тешки ситуации. Дормео е секогаш тука за да помогне со најразлични донации за поединци и групи. Дормео, односно, Студио Модерна има добиено признанение за Бронзен поддржувач на Црвениот Крст на Македонија. Ја краси нашата канцеларија и ни е најубавиот потсетник дека заедно можеме да направиме многу добри дела.

Дормео и животната средина

Имаме само една планета, затоа, ние во Дормео се грижиме за врската со животната средина и зголеменото внимание на природните, органски производи и намалувањето на употребата на вештачки суровини. Производите кои ги нудиме се направени по високи стандарди за квалитет, со постојано подобрување.

Најважните 5 фактори во човечкиот живот се: раѓање, храна, сон, љубов и смрт. - Франк Х. Најт