КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Заштита на бренд

DORMEO® е регистриран заштитен знак на СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје, македонска компанија, која е дел од СТУДИО МОДЕРНА ГРУПАЦИЈАТА, водечка компанија во повеќе-канална, онлајн и директна продажба на територијата на Централна и Источна Европа. DORMEO®, KOSMODISK®, DELIMANO®, BIGFISH® и TOPSHOP® исто така, се заштитени трговски марки на СТУДИО МОДЕРНА, кои на милиони потрошувачи им нудат интересни и иновативни производи од категоријата на здравје, домаќинство и убавина.

DORMEO® е бренд кој го подобрува квалитетот на спиењето и удобноста на домот. Ние знаеме дека сонот и удобноста се од огромно значење за луѓето, па затоа, на нашите купувачи, им го нудиме само најдоброто. Производите на DORMEO® ги следат најновите трендови од областа на грижа за здравјето и телото и се направени од модерни материјали преку најнови процеси на изработка.

Единствената цел на нашата работа е нашите купувачи да бидат среќни и задоволни од нашите производи и, истовремено, да бидат свесни за можни фалсификати и лажни производи, кои се продаваат од страна на неовластени продавачи. Овие производи се продаваат како оригинали, но не се.

Ова е важно, затоа што ние нудиме 100% гаранција само на оригиналните DORMEO® производи.

Автентичните DORMEO® производи можат да се купат само преку овластени продавачи, директно во нашите продавници, на нашата интернет страна www.dormeo.com.mk или со јавување на 02 3094 552.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ние нудиме 30 дена рок за ВРАЌАЊЕ НА ПАРИТЕ и ГАРАНЦИЈА само на оригиналните DORMEO® производи купени преку овластени продажни места. Вие немате можност да ја искористите оваа придобивка и да вратите производи кои сте ги купиле на eBay, Alibaba, Aliexpress, или некоја друга интернет страна од ваков вид, или пак од други неовластени дистрибутери и продавачи. Доколку на овие интернет страни најдете производи, тогаш тие се најверојатно користени, не се оригинали или пак се продаваат од страна на неовластен трговец.

Бидете многу внимателни кога купувате производи од интернет – особено ако станува збор за онлајн аукции – затоа што ова е најчест начин за продажба на фалсификувани производи.

Ние правиме се што е во наша можност да ги заштитите нашите купувачи и брендот DORMEO®.

Доколку верувате дека сте купиле или виделе фалсификувани DORMEO® производи, или пак ви било кажано дека некој хит производ, со значително пониска цена, е од DORMEO® линијата, јавете ни се на 02 3094 552 или пак пишете ни на info@dormeo.com.mk